Nokia N79 - Лиценци

background image

Лиценци

За да ги видите лиценците за дигиталните права,

притиснете

, и одберете

Applications

>

Media

>

Licences

.

Digital rights management
Сопствениците на содржини може да користат

различни типови на технологија за управување

со дигитални права (ДРМ; digital rights

management – DRM) за заштита на нивната

интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и

авторските права. Овој уред користи различни

типови на ДРМ софтвер за пристап до содржини

заштитени со ДРМ. Со овој уред можете да

пристапите до содржини заштитени со WMDRM

10, OMA DRM 1.0, и OMA DRM 2.0. Ако одреден ДРМ

софтвер не успее да ја заштити содржината,

сопствениците на содржината може да побараат

таквата ДРМ софтверска можност за пристап до

новите содржини заштитени со ДРМ да бидат

повлечени. Повлекувањето исто така може да

спречи обнова на таквата содржина заштитена

со ДРМ веќе во Вашиот уред. Повлекувањето на

таквиот ДРМ софтвер не влијае на користењето

на содржини заштитени со друг тип на ДРМ или

користење на содржини незаштитени со ДРМ.
Содржините заштитени со ДРМ доаѓаат

придружени со клуч за активирање што ги

дефинира Вашите права за користење на

содржината.
Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена

содржина, за да направите резервна копија на

клучевите за активација и на содржината,

користете ја функцијата за правење резервни

копии на Nokia Nseries PC Suite. Другите методи

на префрлување може да не ги префрлуваат

клучевите за активирање кои треба да се

овозможат со содржината за да можете Вие да

продолжите со користење на содржината

заштитена со OMA DRM откако меморијата на

уредот ќе биде форматирана. Може исто така да

треба да ги повратите клучевите за активирање

во случај датотеките на Вашиот уред да бидат

оштетени.
Ако Вашиот уред има содржина заштитена со

WMDRM, и клучевите за активирање и

содржината ќе бидат изгубени ако меморијата

на уредот се форматира. Може исто така да ги

загубите клучевите за активирање и содржината

ако датотеките на Вашиот уред бидат оштетени.

Губењето на клучевите за активирање или на

содржината може да ја ограничат Вашата

можност за повторно користење на истата

содржина на Вашиот уред. За повеќе

информации, контактирајте го Вашиот

оператор.

172

Медиа

папка

background image

Некои клучеви за активирање може да се

поврзани со некоја специфична SIM картичка, и

на заштитената содржина може да и се пристапи

само ако SIM картичката е вметната во уредот.
Во главниот приказ, одберете од следниве

опции:

Valid licences

— Прикажи ги лиценците кои

се поврзани со медиа датотеки или оние чиј

период на валидност се уште не е започнат.

Invalid licences

— Ги прикажува лиценците

кои не се валидни; временскиот период за

користење на медиа датотеката е достигнат

или постои заштитена медиа датотека во

уредот но нема клуч за активирање.

Not in use

— Прикажи ги лиценците кои

немаат медиа датотеки поврзани за нив во

уредот.

За да купите повеќе време за користење на

медиа датотека, одберете невалидна лиценца и

Options

>

Get new licence

(web услужните

пораки мора да бидат вклучени).

Видете

"Прилагодување на пораките за web

услуги" стр. 149.

За да ги прикажете деталите на некој клуч за

активирање, скролувајте до него и притиснете го

копчето за скролување.